Арсенал и Ливерпул повторно не разочараа на „Емирати“ одиграа фантастичен натпревар кој заврши 3:3.
Овие шест погодоци се нешто повеќе од просекот на голови во натпреварите помеѓу овие два тима. Имено, на пет натпревари постигнаа 27 погодоци (Арсенал 10, Ливерпул 17), што во просек е 5.4 по натпревар.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Тешко е ова да се објасни, можеби требаше да имаме предност и од 5:0. Поради тоа чуството е навистина чудно. Бодот на гостувањето кај Арсенал за многумина е добар, но јас немам такво чуство. Три гола би требало да бидат доволни за победа, посебно бидејќи Арсенал во овој натпревар играше само десет минути, но ние не ги искористивме своите шанси, доколку ги искористивме натпреварот веројатно ќе завршеше 6:3“.
„Треба да бидеме лути на себе, не тажни или несигурни. Ситуациите од кои Арсенал постигнуваше голови? Едноставно мораме да научиме подобро да се носиме со таквите ситуации. Направивме индивидуални грешки. Секако не е убаво кога индивидуално грешиме, но нема што да се прави освен да продолжиме понатаму“, изјави Клоп.