Дома Фудбал Англија Клоп потврди: Во реваншот од ФА Купот на теренот нема да бидам ниту јас, ниту играчите

Клоп потврди: Во реваншот од ФА Купот на теренот нема да бидам ниту јас, ниту играчите

Jирген Клоп е одлучен во намерата на играчите на Ливерпул да им дозволи зимска пауза на почетокот на февруари.

Ливерпул на 4. февруари ќе го игра реваншот во 1/16 финалето од ФА Купот против Шрусбери. Бидејќи им вети одмор на првотимците Клоп во овој натпревар ќе игра со тимот до 23 година. Покрај тоа Клоп нема да биде клупата, тимот ќе го води Нил Кричли.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој натпревар не беше во плановите на Ливерпул бидејќи очекуваа се да завршат во првиот натпревар, сепак Шрусбери извлече 2:2 и си обезбеди уште еден дуел со веројатно новиот шампион на Англија,.

„На моите играчи пред две недели им кажав дека ќе имаат зимски одмор, што значи дека за тој натпревар нема да бидеме на теренот ниту јас, ниту играчите. Знам дека оваа постапка нема да наиде на одобрување, но тоа е тоа. Премиер лигата бараше да ја почитуваме паузата и тоа ќе го направиме. Ако на луѓето во ФА не им е гајле, ние не можеме да влијаеме на тоа. Повторувам, нема да бидеме на тој натпревар, играчите заслужуваат да се одморат“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…