Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп после поразот од Атлетико: Не знам зошто играат таков фудбал…

Клоп после поразот од Атлетико: Не знам зошто играат таков фудбал…

Ливерпул синоќа на Енфилд прокоцкаа водство од 2:0 и после продолженијата беа поразени од Атлетико Мадрид со 2:3.

После натпреварот, Јирген Клоп не го криеше разочарувањето, но поради играта на противничката екипа, која цел натпревар играше во дефанзива.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Задоволен сум од настапот на својот тим, но што да кажам повеќе? Тешко е да се игра против вакви екипи. Не знам зошто играат таков фудбал со играчите кои ги имаат.“ – изјави Клоп и додаде:

„Кога видам играчи како Коке, Саул, Љоренте да играат таков фудбал…Можат лесно да играат поразлично, а не само да стојат на својата половина и играат на контра.“

Сепак, Клоп го призна поразот…

„Поразени сме и тоа мора да го прифатиме. Честитки за Атлетико. Не се чувствувам добро вечерва, лошо ги прифаќам поразите.“ – додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гатузо бил „уловен“ во Зеница, не можел да заспие цела ноќ!

Иако пред новинарите изгледаше самоуверено за учество на Светското првенство, селекторот н…