Дома Фудбал Англија Клоп повторно ги нападна медиумите: Фудбалот не е фер, но вие ја влошувате ситуацијата!

Клоп повторно ги нападна медиумите: Фудбалот не е фер, но вие ја влошувате ситуацијата!

Ливерпул овој викенд одигра реми 1:1 против тимот наа Њукасл, но Јирген Клоп и после овој пораз не се откажува од титулата, барем така тврди во медиумите.

„Црвените“ сега имаат седум бодови помалку, а Клоп не беше премногу расположен на конференцијата за медиумите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ние имаме свои проблеми и другите клубови исто така имаат. Работиме на тоа и навистина мислам дека не сме далеку од тоа да бидеме еден од конкурентите за титулата во Премиер лигата. Ако го работиме она што најдобро го знаеме, постигнуваме повеќе погодоци и победуваме на повеќе натпревари брзо ќе ги заборавиме овие резултати. Во натпреварот против Њукасл бевме подобар тим, но не ги искористивме своите шанси“, изјави Јирген Клоп.

Клоп не пропушти повторно да ги нападне медиумите.

„Покрај се, проблемот не е само фактот што фудбалот не е фер, луѓето пишуваат за тоа, момците го читаат, а тоа ја влошува ситуацијата“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…