Дома Фудбал Англија Клоп: Од сите проблеми кои ги имам во овој момент трката со Сити е најмалиот

Клоп: Од сите проблеми кои ги имам во овој момент трката со Сити е најмалиот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека Диого Жота ќе мора да оди на дополнителни прегледи за да се утврди природата на неговата повреда, но извесно е дека нема да биде во тимот овој викенд.

Ливерпул во Англија се врати во четвртокот, после победата над Интер во средата. Германскиот стратег истакна дека не знае на кого ќе може да смета за премиерлигашкиот дуел со Норвич.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Се уште не знам како ќе изгледа тимот. Би требало да имаме добри опции, но не можам со сигурност да кажам. За Жота се потребни дополнителни прегледи. Веројатно има проблем со лигаментите на скочниот зглоб. Ќе мораме да почекаме“, изјави Клоп.

Во овој момент Ливерпул е на второто место на табелата со 54 бодови, девет помалку од водечкиот Манчестер Сити кој има и натпревар помалку.

„Од сите проблеми кои ги имам во овој момент трката со Сити е најмалиот. Не размислувам за тоа. Мораме да победуваме, а потоа ќе видиме дали ќе се доближиме или не. Ќе се бориме за место во Лигата на шампионите. Сите наши проблеми можеме да ги решиме со победи“, изјави Клоп.

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Норвич на програмата е в сабота од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Касано: Роналдо не знае да игра фудбал

Антонио Касано е познат по тоа дека нема влакна на јазикот и по своите контроверзни изјави…