Дома Фудбал Англија Клоп: Новиот формат на Лигата на шампионите е само за пари

Клоп: Новиот формат на Лигата на шампионите е само за пари

Јирген Клоп брзо му се приклучи на Илкај Гундон во критиките кон новиот формат на Лигата на шампионите – изјавата Гундоган може да ја прочитате тука.

Стратегот на Ливерпул беше против формирањето на Суперлигата, но не е задоволен и од промените направени во Лигата на шампионите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не може цело време да се воведуваат се повеќе и повеќе натпревари. Добро е што нема да има Суперлига, но и новиот формат на Лигата на шампионите исто не е добар. Никој не ги прашува фудбалерите и тренерите, десет натпревари место шест не се добра идеја. Овој нов формат е само за пари“, порача Клоп.

Ќе потсетиме Ливерпул беше еден од клубовите кои ја формираа Суперлигата, за подоцна да им се извинат на навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси добива неочекувано и големо засилување во одбраната во јануари!?

Младиот стопер на Борусија од Дортмунд, Арон Анселмино, би можел да ја смени средината веќ…