Дома Фудбал Англија Клоп: Никогаш не сум направил вакво нешто, сега ми е чудно

Клоп: Никогаш не сум направил вакво нешто, сега ми е чудно

Во петокот Јирген Клоп за последен пат го најави натпревар како менаџер на Ливерпул. Натпреварот на Ливерпул нема некое големо резултатско значење, па така повеќе се зборуваше за други работи.

Една од првите теми беше финалето на Лигата на шампионите во кое Борусија Дортмунд ќе игра против Реал Мадрид. Борусија е поранешен клуб на Клоп, па така добил покана да присуствува на „Вембли“.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Добив покана за финалето на Лигата на шампионите. Рекоа дека не веруваат дека ќе дојдам, но секако дека ќе дојдам. Тоа е финале во Лигата на шампионите, а и нема да имам што друго да правам“, изјави Клоп.

Откри Клоп и дека побарал повеќе билети.

„Но, ќе ми требаат повеќе билети. Ова е прв пат во животот да барам билети од некого. Досега секогаш мене ме прашуваа. И всушност тоа е многу чудно чувство. Никогаш во животот не сум барал некој да ми даде билети. И сега се чувствувам чудно што прашав“.

Зборуваше Клоп и за плановите во текот на летото.

„Втората работа е што немаме никакви планови кога ќе заминам од Ливерпул. Ќе ги гледам натпреварите на ЕП, имам билети за некои натпревари. Долго ќе бидам во Германија, ќе се дружам со пријателите. Ништо спектакуларно. Нема да бидам вклучен во некакви трансфер приказни за првпат по подолго време, нема да подготвувам тим за предсезоната“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пикси е веќе бивши, се чека само официјална потврда

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ Пикси ќе добие отказ,…