Дома Фудбал Англија Клоп: Не можам да ви гарантирам дека ќе освојуваме трофеи

Клоп: Не можам да ви гарантирам дека ќе освојуваме трофеи

Ливерпул оваа сезона секако ќе биде еден од фаворитите за титулата во Премиер лигата, „црвените“ зад себе имаа одлична сезона, а во овој преоден рок и дополнително се засилуваат.

Сепак нивниот тренер Јирген Клоп во денешниот разговор за „BBC“ откри дека не може да гарантира трофеи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Знам кои се очекувањата и тоа е сосема нормално. Имаме најголеми амбиции – 100%. Следниот чекор е освојување на трофеи, но можам да ви дадам гаранција за такво нешто, сепак ги разбирам очекувањата на навивачите“, изјави Клоп.

„Црвените“ во претходните 12 месеци потрошија околу 250 милиони фунти на засилувања, вклучувајќи ги и рекордните трансфери на стоперот Ван Дијк и голманот Алисон.

Ливерпул нема освоено титула од 2012 кога славеа во Лига Купот.

Од доаѓањето на Клоп во октомври 2015 година, Ливерпул е поразен во три финалиња, последен пат шампион на Англија беше во 1990 година. Покрај Алисон, Ливерпул ова лето ги доведе и играчот за врска Наби Кеита кој беше договорен минатото лето, Фабињо од Монако и Џердан Шаќири од Стоук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …