Дома Фудбал Англија Клоп не е загрижен за формата на Салах, но е загрижен за некој друг

Клоп не е загрижен за формата на Салах, но е загрижен за некој друг

„Црвените“ утре во дербито на колото играат против актуелниот шампион во Премиер лигата, Манчестер Сити.

Утре од 17:30 часот на програмата е натпреварот помеѓу двата најголеми кандидати за освојување на титулата оваа сезона, Ливерпул и Манчестер Сити.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двете екипи кои се во врвот на Премиер лигата се уште не знаат за пораз во лигата оваа сезона, па натпреварот на „Енфилд“ ќе биде исклучително важен и за двете страни.

Јирген Клоп зборуваше за потенцијалното освојување на титулата, како и за претстојното дерби, а се огласи и по повод слабата форма на Салах на почетокот на сезоната.

„Логично, очекувањата се проемнија, што е нормално, самиот си постави високи стандарди минатата сезона. Никој од него не очекуваше 10 гола после пет, шест, седум натпревар. Тоа секогаш е убаво изненадување“.

„Секој напаѓач би можел да напише книга за моментите кога постигнува погодок, а да не е сигурен како сето тоа функционирало и како го направил.

Потребно е секоја ваша топка да биде совршена и таквите работи не се случуваат често“, изјави Клоп.

Оваа негова изјава значи дека не го загрижува слабиот старт на египетскиот фудбалер, но го загрижува повредата на Наби Кеита.

Тој се повреди во натпреварот против Наполи во второто коло од групната фаза, мораше теренот да го напушти на носилки и многу веројатно нема да настапи против „граѓаните“.

„Не сум 100% сигурен. Во прашање е повреда на грбот. Мораме да почекаме. Ќе биде со нас денес, не знам дали воопшто нешто може да прави. Не изгледаше премногу сериозно, па постојат некакви шанси, но не можам со сигурност да кажам“, изјави Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…