Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп не го повика Шаќири за Белград: Не сакаме да се зборува за политика!

Клоп не го повика Шаќири за Белград: Не сакаме да се зборува за политика!

Ливерпул утре и гостува на Црвена Звезда во Белград во рамките на четвртото коло од Лигата на шампиони.

Главната вест е дека тренерот Јирген Клоп не го повика Џердан Шаќири на гостувањето во Белград, а одлуката ја образложи дека не сака да има политички конотации околу неговиот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Швајцарецот со потекло од Косово ги „провоцираше“ Србите на Мундијалот и неговото доаѓање во Белград беше најавено како „ризично“.

„Читавме и слушавме за тоа каков пречек му се спрема на Шаќири, па и покрај тоа што не знаеме што може да се случи, сакаме во Белград 100% да бидеме сконцентрирани на фудбал и да не мислиме на ништо друго“, изјави Клоп.

„Ние сме фудбалски клуб, Ливерпул и не сакаме да се зборува за политика туку исклучиво за фудбал. Треба да се сконцентрираме само на фудбалска игра и не сакаме ништо да го поремети тоа“, додаде германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…