Дома Трансфер зона Клоп неочекувано заинтересиран за поранешниот играч на Челзи

Клоп неочекувано заинтересиран за поранешниот играч на Челзи

Германскиот стратег започна да прави силен тим за новите предизвици во следната сезона.

Ливерпул доби шанса преку квалификации да се врати во ЛШ, а нема сомнеж дека Клоп ќе направи се што може за ова лето да ја врати Лигата на Шампионите на „Енфилд“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


А за тоа да го направи со помали проблеми и да биде конкурентен во најелитното натпреварување и на домашната сцена, јасно е дека ќе мора да доведе неколку добри засилувања.

Потребно е да ги освежи сите линии на тимот, на офанзивниот дел на средниот ред му недостасуваат уште барем еден добар играч за Германецот да не се грижи за случајни повреди.

Имаше доста шпекулации за многу фудбалери, а едно време се зборуваше и за пожно доаѓање на поранешниот фудбалер на Челзи. Станува збор за Мухамед Салах од Рома, но по некое време, приказните за трансфер на„Египетскиот Меси“ во Ливерпул исчезнаа, па се претпоставуваше дека станува збор за само шпекулации.

Но, дека има нешто повеќе во тоа прашање, сега е сосема јасно, бидејќи агентот на фудбалерот, Рами Абас Иса, даде неколку наговестувања дека неговиот клиент би можел да стане член на „Црвените“.

Тој на Твитер ја заследи официјалната страница на Ливерпул, а потоа објави и фотографија на својот пасош и авионски карти, на кои се гледа дека патува за Лондон. За што станува збор тоа патување, ќе дознаеме наскоро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…