Дома Фудбал Англија Клоп најави: Крајот на договорот со Ливерпул може да биде и крај на неговата кариера!

Клоп најави: Крајот на договорот со Ливерпул може да биде и крај на неговата кариера!

Jирген Клоп од доаѓањето во Ливерпул работи одлично и на овој тим му ја донесе титулата во Премиер лигата која „црвените“ ја чекаа цели 30 години.

Неговиот актуелен договор со шампионот на Англија има важност уште четири години, до средината на 2024 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во досегашните изјави Клоп зборуваше дека веројатно ќе го одработи договорот до крај, но дека со задоволство би го прифатил повикот да ја превземе селекторската функција во Германија.

Сепак, во неговата последна изјава најави нешто поинаку.

„Откако ќе ми истече договорот со Ливерпул ќе си земам една година одмор и ќе се запрашам дали ми недостасува фудбалот. Ако одговорот биде „не“ тогаш тоа ќе биде крај на мојата тренерска кариера“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија…