Дома Фудбал Англија Клоп: Направив неколку грешки во кариерата, Садио Мане е една од најголемите

Клоп: Направив неколку грешки во кариерата, Садио Мане е една од најголемите

Во 2016 година Јирген Клоп го плати Садио Мане 41 милиони евра, Мане пристигна од Саутемптон, а Клоп сега откри дека претходно имал шанса да го доведе во Борусија Дортмунд.

Мане денес е еден од најдобрите играчи на Ливерпул, а Клоп имал прилика да го доведе во 2014 година за 23 милиони евра во Борусија Дортмунд.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во тоа време Мане настапуваше за Салцбург и Клоп иако имал прилика самиот се откажал од трансферот на фудбалерот.

Саутемптон тогаш го искористи откажувањето на Борусија и го купи Мане. После две одлични сезони го натера Клоп да му верува, па Германецот го доведе во Ливерпул.

„Направив неколку грешки, а една од најголемите е што не го купив Садио Мане кога бев во Борусија Дортмунд. Беше во мојата канцеларија, разговаравме. Но, не бев сигурен дали тој е вистинскиот, па се откажав од трансферот“, откри Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси се доближува до историски рекорд по надминувањето на Пеле

Лионел Меси го надмина рекордот на Пеле за голови од слободни удари, откако го постигна св…