Тимот на Ливерпул со продажбата на Фелипе Кутињо во Барселона заработи огромни 160 милиони евра.
Иако претходно за 85 милиони евра го купија Вирџил Ван Дијк, во касата на „црвените“ остана уште половина од сумата за која Бразилецот замина, а до крајот на јануари ќе се обидат да доведат негова замена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ливерпул на големо се поврузваше со Ријад Марез и Тома Лемар, за Алжирецот дури беше и најавено дека пристигнува на лекарски прегледи, потоа сето тоа беше и демантирано.
Сега на „радарот“ на Клоп се појави ново име и тоа е вистинско изненадување, капитенот на Аталанта, Алејандро Папу Гомез.
Аргентинецот игра во одлична форма за тимот на Аталанта која покрај Лацио е најпријатното изненадување во Серија А. „Тутоспорт“ додава и дека Јирген Клоп е голем фан неговите квалитети и ќе се обиде да го доведе до крајот на преодниот рок.