Дома Фудбал Клоп за можните засилувања: Осум години ми ги поставувате истите прашања

Клоп за можните засилувања: Осум години ми ги поставувате истите прашања

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека неговиот тим нема да излезе на пазарот во јануарскиот преоден рок.

„Осум години не можам да разберам дека ми ги поставувате истите прашања. Постојано зборувате за трансфери. Како да е тоа наједноставната работа на светот. Треба да најдете играч, треба да најдете пари за него и тоа е како да имаме бесконечна сума пари… Не разбирам. Сите само го кажуваат истото, медиумите, навивачите, сите“, започна Клоп.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Германецот истакна дека клубот има доволно играчи во последната линија.

“Сето тоа чини пари, а играчот мора да биде вистинскиот. Можете ли да ми кажете кој клуб продава добар стопер? Не секој стопер, туку најдобар, бидејќи само таков може да игра во Ливерпул. Сега имаме четири, пет не ни треба. Освен ако не дојде до повреда, тоа може да биде проблематично поради бројот на натпревари“, изјави тренерот на Ливерпул и додаде:

„Ние не живееме во некој магичен свет каде што можеш да донесеш стопер од светска класа додека другиот не е здрав и подготвен“.

Тој беше прашан и за иднината на Жоел Матип, кој е повреден и чиј договор истекува на крајот од сезоната.

„Би рекол дека има шанси за продолжување на договорот, но јас тука не се прашувам. Сигурен сум дека клубот ќе покаже класа, бидејќи тоа е она што треба да се направи“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Започна големото судење на Манчестер Сити

Судењето против Манчестер Сити започна денеска, откако Премиер лигата поднесе обвинение пр…