Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп стави точка, по се судејќи, на информациите за заминувањето на бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо во Барселона со изјавата дека клубот од „Енфилд“ нема да прифати ниту една понуда бидејќи парите не им се потребни.
„Ливерпул не е клуб кој само продава играчи. Ги поставивме темелите, така што не ни се важни парите. Не постои цена за која би го продале Кутињо, било кој износ. Денес ниту еден играч на планетата не е недопирлив, но трансферот е прашање на време и дали може да се одговори на вистински начин“, истакна Клоп за Скај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул ја одбил првата понуда од 100 милиони евра за Кутињо кој во Барселона беше означен како приоритетна замена за сонародникот Нејмар по трансферот на ПСЖ.
Кутињо четири сезони е дел од „Црвените“, одигра 181 натпревар и постигна 42 погодоци, но не освои ниту еден трофеј.