Ливерпул одлично ја започна сезоната, но Клоп сака да го засили тимот и со тоа да ги зголеми шансите за освојување на титулата во Премиер лигата.
Примарна цел на „црвените“ е во зимскиот преоден рок да донесат крилен напаѓач кој ќе може да го замени Садио Мане додека е отсутен, а со тоа Клоп да добие повеќе опции во нападот.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми, Јирген Клоп се насочил само кон еден фудбалер и е спремен да го потроши целиот трансфер буџет за да го донесе на „Енфилд“.
Станува збор за ѕвездата на Леверкузен и германски репрезентативец, Џулијан Брант кој оваа сезона блеска во Бундес лигата и може да игра на двете крилни позиции.
Брант е еден од најталентираните германски играчи и во иднина сигурно ќе биде носител на играта на својата репрезентација. Оваа езона веќе запиша 16 настапи, два гола и шест асистенции во Бундеслигата.
„Фармацевтите“ за неговата слобода бараат 45 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати во зимскиот преоден рок.