Дома Фудбал Англија Клоп го сонуваше Јунајтед, а заврши во Ливерпул

Клоп го сонуваше Јунајтед, а заврши во Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп наводно бил силно заинтересиран за превземање на кормилото на Манчестер Јунајтед.

Германскиот стратег на „Енфилд“ пристигна пред две години кога на клупата го замени Брендон Роџерс, но се уште нема донесено трофеј во витрините на славниот англиски клуб.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Меѓутоа, Ливерпул не бил прва опција за Клоп. Неговиот пријател Екард Круц откри дека Клоп сакал да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

„Неговиот сон беше да оди во Англија и силно го сакаше да го тренира Манчестер Јунајтед. Тоа тој лично ми го кажа. Откако ја напушти Борусија знаев дека за три-четири месеци ќе сака да се врати на работата. Кога дојде понудата од Ливерпул немав сомнеж дека ќе ја прифати, иако неговата желба беше Јунајтед“, изјави Круц.

„Црвените“ под водство на Клоп изгубија две финалиња, па останаа без трофеј во Лига Купот и Европа Лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус ја одби „понудата на векот“

Криптовалутната компанија Tether вчера соопшти дека доставила обврзувачка понуда во готови…