Екипата на Ливерпул повторно се вклучи во приказната околу одличниот напаѓач.
Атлетико Мадрид во последно време често се доведува во врска со напаѓачот на Олимпик Лион, Александар Лаказет.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Французинот изјави дека не би имал ништо против да премине во Мадрид, дури и претседателот на клубот, Жан-Мишел Ула изјави дека Лаказет има вербален договор со „Јорганџиите“.
Сепак се би можело да се промени доколку во целата приказната се вмеша и третата страна. Ливерпул повторно е заинтересиран за Французинот, а спремни се да понудат повеќе од Атлетико.
Атлетико за Лаказет е спремен на Лион да му плати околу 50 милиони евра што изгледа како сума која Французите би ја прифатиле. Но, „црвените“ веројатно имаат поголема платежна моќ, па се спремни да ја надминат понудата на клубот од Мадрид.
Клоп многу го цени Лаказет, го гледа како прв напаѓач на Ливерпул во наредната сезона во кој клубот од „Енфилд“ ќе се врати во Лигата на шампионите, бидејќи се изборија за квалификации.