Дома Фудбал Англија Клоп ги коментираше новите засилувања: Ќе им треба време!

Клоп ги коментираше новите засилувања: Ќе им треба време!

Ливерпул беше активен на трансфер пазарот и во последниот ден донесе две засилувања на „Енфилд“.

Клоп има проблем со повредени играчи во одбраната, па беше во потрага по дефанзивец, а во последниот ден од преодниот рок пристигнаа двајца стопери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пристигнаа Озан Кабак од Шалке и Бен Дејвис од Престон, но Клоп смета дека ќе им биде потребно време да се навикнат на новата средина.

„Не живееме во идеален свет и треба да дејствуваме умно. Нема потреба да гледаме холивудски филмови каде еден ден си во Престон, а другиот ден во Ливерпул. Ќе им биде потребно време да се прилагодат во Ливерпул, не сметам дека веднаш треба да играат двајцата“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На Роберто Карлос итно му била направена операција на срце!

Легендарниот Бразилец Роберто Карлос денес беше подложен на операција поради кардиоваскула…