Дома Фудбал Англија Клоп во огромни проблеми после Салах, Ван Дијк и Мане уште еден стартер се враќа повреден

Клоп во огромни проблеми после Салах, Ван Дијк и Мане уште еден стартер се враќа повреден

Огромни проблеми на Јирген Клоп му донесе репрезентативната пауза.

Јирген Клоп дефинитивно ќе биде еден од најнезадоволните луѓе на планетава после пауза.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После Садио Мане, Вирџил Ван Дијк и Мохамед Салах, натпреварот против Хадерсфилд многу веројатно ќе го пропушти Наби Кеита.

Фудбалерот од средината на теренот повреден се враќа во Ливерпул после репрезентативниот настап за Екваторска Гвинеја во рамките од квалификациите за Африканскиот куп на Нации.

Кеита беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме, а се уште не е утврден карактерот на повредата, па Клоп се надева дека не е во прашање потешка повреда.

Ливерпул во сабота гостува кај Хадерсфилд во Премиер лигата, а потоа во среда ја дочекува Црвена Звезда во рамките од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Конечно го напушта Челси: Рахим Стерлинг се сели во лондонски ривал!?

Рахим Стерлинг наскоро би можел да стане нов член на Фулам. Англиските медиуми открија ден…