Јирген Клоп беше разочаран по поразот од Евертон на „Енфилд“ со 0-2 и го даде најчудниот изговор после мечот.
Ливерпул е во сериозна криза и тоа беше четврти пораз по ред за нив, а такво нешто не им се случило уште од 1923 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп не може да ја објави таквата ситуација, па даде „инетресно“ објаснување и тврди дека Бог навива за Манчестер Сити.
„Не можам да го објаснам ова. Добро го контролиравме мечот, но грешките кои ги направивме беа казнети од нив. Едноставно не може да играте фудбал на ваков ветар. Сега сум убеден дека Бог е навивач на Манчестер сити и дека ќе се обиде да ни направи проблеми. Не можете да победите против Бог“, изјави Германецот.