Дома Топ вести Клаузулата не е валидна, Меси може да си оди без пари!

Клаузулата не е валидна, Меси може да си оди без пари!

Од шпанската Ла Лига денеска излегоа со официјално соопштение дека Лео Меси може да си замине од Барселона само ако некој ја исплати откупната клаузула од 700 милиони евра.

Меси побара да го раскине договорот со Барселона и да си замине како слободен играч, но од Барселона категорично го одбија тоа, тврдејќи дека рокот за активирање на таа клаузула истекол на први јуни.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Сега, по официјалната објава од шпанскиот шампионат, угледни медими како „Екип“ и „Онда Серо“ пренесоа дека клаузулата која изнесуваше 700 милиони евра во договорот од Лео Меси повеќе не е валидна.

„Не ми е јасно на кој начин Ла Лига ја толкува оваа клаузула од договорот. Се работи за договор на три сезони, плус една година. Во четвртата година, оваа клаузула станува невалидна, што значи дека Меси може да си замине од Барселона без клубот да ги бара тие 700 милиони евра оштета“, тврди шпанскиот новинар Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…