Дома Македонски спорт Мак фудбал Кире Маркоски стави потпис на нов договор со Работнички

Кире Маркоски стави потпис на нов договор со Работнички

Повремениот македонски репрезентативец Кире Маркоски и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Работнички. Тој потпиша нов договор со клубот од Дебар Маало и се обврза на верност до крајот на 2024 година.

Маркоски имаше одлични настапи минатата сезона и взаемна беше желбата за продолжување на соработката со крилниот напаѓач.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тој на почетокот на 2023 година се врати во Работнички, каде играше и во периодот од 2012 до 2018 година. Во Македонија, Маркоски настапуваше и за Вардар, Шкендија, Шкупи и за Академија Пандев, а градеше и интернационална кариера во АЕЛ Лимасол (Кипар), Спартак Трнава (Словачка).

Маркоски беше дел од „златната генерација“ млади фудбалери која со Македонија учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година, а има и пет настапи за сениорскиот национален тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…