Дома Фудбал Италија Киелини: Ќе беше подобро ако Роналдо порано си заминеше

Киелини: Ќе беше подобро ако Роналдо порано си заминеше

Вчера Кристиано Роналдо го постигна победничкиот гол за Манчестер Јунајтед против Аталанта (3:2) и така „црвените ѓаволи“ обезбедија важни три бода.

Роналдо од Јувентус си замина пред крајот на преодниот рок, а дефанзивецот на Јувентус Џорџо Киелини смета дека ќе било подобро ако Португалецот порано го напуштел клубот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Роналдо нас не напушти на 28. август. Мислам дека ќе беше подобро за нас ако си заминеше порано. Поради неговото заминување екипата беше во шок во првите натпреварите и изгубивме важни бодови. Во случај да заминеше порано сигурно дека ќе бевме подобри подготвени во првите натпревари“, изјави Киелини.

Јувентус после лошиот влез во сезоната сега игра далеку подобро, посебно во одбраната. Во Лигата на шампионите тимот на Алегри заедно со Баерн се единствените без примен гол после три кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maкедонија утре во Кардиф ја чекаат полни трибини!

Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе го одигра последниот нат…