Дома Трансфер зона Кејн ќе паузира долго, Тотенхем тргнува по Арнаутовиќ

Кејн ќе паузира долго, Тотенхем тргнува по Арнаутовиќ

Тотенхем во најважниот момент од сезоната остана без првата ѕвезда, голгетерот Хари Кејн.

Според првите прогнози, повредата на Кејн е сериозна и се заканува да го оддалечи од терените цели два месеци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот, ако се обвистинат црните прогнози, може да го пропушти реваншот со Челзи во Лига купот, но и премиерлигашките мечеви со Фулам, Кристал Палас, Ватфорд, Њукасл и Лестер.

Поради тоа Тотенхем одлучи да ангажира напаѓач до крајот на преодниот рок, а најголема желба Марко Арнаутовиќ од Вест Хем.

Арнаутовиќ е на излезна врата од Вест Хем и беше многу блиску до трансфер во Шангај, но сега и Тотенхем се вклучи во трката за неговиот потпис.

Сепак, прашање е дали „спарси“ во овој момент се спремни да платат 40 милиони евра, колку што бара Вест Хем за слободата на Арнаутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…