Дома Фудбал Англија Кејн самиот на себе си постави тешка задача: Мислам дека можам тоа да го направам

Кејн самиот на себе си постави тешка задача: Мислам дека можам тоа да го направам

Англискиот напаѓач, Хари Кејн зборуваше за медиумите пред натпреварот помеѓу Тотенхем и Барселона.

Тоа беше причина за долгогодишниот најдобар стрелец на Тотенхем да коментира и за Лео Меси, за кого рече дека многу го почитува како фудбалер. Но, Кејн пред себе постави цел која тешко дека ќе може да ја постигне – да постигне повеќе голови од Аргентинецот во Лигата на Шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Меси постави стандард. Тој и Роналдо се над сите, но ме мотивираат да бидам подобар. Се надевам дека во кариерата ќе постигнам исто толку голови како и Меси во Лигата на Шампионите, ако не и повеќе. Тој се уште игра, па ќе видиме, но мислам дека можам тоа да го нарпавам“, изјави Кејн.

Инаку, Лео Меси за Барселона постигна 560 гола од кои вкупно 103 во Лигата на Шампионите. Хари Кејн играјќи за клубови одигра точно 300 натпревари, со 172 постигнати гол и уште 19 за репрезентацијата на Англија. Во ЛШ до сега одигра само 11 натпревари, а успеа да постигне девет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Европски гигант подготви понуда за Санчо, Англичанецот има нова голема шанса!

Откако минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, на сите им е јасно дека Санчо ова …