Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кејн: Пораснавме како тим после оваа победа

Кејн: Пораснавме како тим после оваа победа

Најдобриот англиски напаѓач Хари Кејн изјави дека начинот на кој неговата селекција ја елиминира Колумбија во осминафиналето е значаен за него и неговите соиграчи.

„Ние сме прилично млада екипа, а оваа победа за нас има неверојатно значење. После неа пораснавме како тим. Искрено, го носевме тој товар од некои претходни генерации, знаеме како претходно сме поминувале на пенали и не можам да кажам дека тоа нас не не’ мачеше. Момците се покажаа како зрели и сигурно, покажаа менталитет кога најмногу требаше.“ – рече Кејн и додаде:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Веруваме во највисок пласман. Горди сме на ова, но има уште многу до целта. Мораме да останеме заедно, а веруваме повеќе од било кога.“

Хари Кејн има 24 години и веќе е капитен на Англија, како и најдобар стрелец во досегашниот дел од СП со шест погодоци на три одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Модриќ го убеди еден од најдобрите да дојде во Милан: „Стар пријателе, те чекам!“

Веќе во првите месеци во дресот на Росонерите стана јасно дека Милан не доби само уште еде…