Дома Фудбал Кварацхелија е се поблиску до голем трансфер

Кварацхелија е се поблиску до голем трансфер

Кварацхелија (23) си заминува од Наполи. Тоа го најави неговиот менаџер Југели: “Наполи има големи планови со Конте. Сигурен сум дека следната сезона повторно ќе се квалификува за Лигата на шампионите и ќе се бори за Скудетото. Но, тоа не значи дека Кварацхелија сака да остане. Репрезентацијата е најважна за него во моментов“.

„Нашата цел е тим кој игра во Лигата на шампионите. Најлоша работа е ако остане тука, ќе загуби една година поради тоа. Загрижени сме“, изјави тој за „Спорт Имеди“.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


На ова се надоврза и таткото на играчот Бадри кој рече дека не сака неговиот син да остане во Наполи: „Минатата сезона работеше со четири различни тренери. Ова многу ме загрижува. Се уште не сме разговарале за ова и нема да зборуваме за тоа додека трае Европското првенство“.

Во меѓувреме се огласи и Наполи. Претседателот Аурелио Де Лаурентис тврди дека грузискиот напаѓач не е на продажба и дека има уште три години од договорот. За одличниот играч е заинтересиран ПСЖ, кој е подготвен да понуди 80 милиони евра.

Минатата сезона Кварацхелија постигна 11 гола на 45 настапи и имаше девет асистенции. Тој во Наполи пристигна пред две години од Динамо Батуми за 13,3 милиони евра. Летово игра за Грузија на ЕП. Грузија утре од 18 часот против Турција ќе го има првиот настап на ЕП.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саутгејт тргна да се поздрави, навивачите му вратија – со шишиња! 🎥

Англија вчера повторно не победи, но сепак мина како прва во групата. Играта која ја прика…