Дома Топ вести Каталонците најавуваат: Можен голем пресврт во Барселона!

Каталонците најавуваат: Можен голем пресврт во Барселона!

Шпанските медиуми утрово пренесуваат за можен пресврт во ситуацијата со клупата на Барселона. Наводно, Лапорта побарал од Чави Ернандез да остане уште една сезона на клупата на каталонскиот гигант.

Информацијата ја пренесе каталонскиот „Спорт“ по тренингот кој утрово го имаа фудбалерите на Барселона. Тренингот бил строго затворен за јавноста и на него присуствувале луѓе од раководството.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Во неформален разговор Лапорта и потпретседателот Рафа Јусте го замолиле Чави да размисли и да не заминува на крајот од сезоната, односно да остане до летото 2025 година. Причината е што односот на Чави со играчите сепак е јасен во однос на некои претходни години, иако сезонава не е во склад со амбициите и очекувањата.

Чави досега изгледаше одлучно да замине тврдејќи дека на тимот му е потребна нова енергија и нови насоки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Серија А нема подготвен план ако Интер освои титула

Во Серија “А” сè уште немаат подготвен план ако актуелниот шампион Интер успее…