Каталонски „Спорт“ утрово излезе со насловна на која немаше баш убави зборови за Жерар Пике.
Сагата Гризман-Барса траеше со месеци наназад, а пред неколку дена се беше решено, Гризман објави дека останува во Атлетико Мадрид.
По неговата објава, се огласи Пике.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Претходно Гризман ми кажа дека можеби ќе дојде во Барселона. Јас дури му предложив да сними документарец за сето тоа. Не го советував дали дојде или не. Кога дознав дека нема да дојде, тоа им го кажав на луѓето во клубот. Претседателот Бартомеу ме повика после тоа и беше прилично лут, но Барса е над секој поединец“, изјави Пике.
Поради ваквата ситуација сите го обвинија Пике за нереализирање на овој трансфер.
„Жал ми е што некој се сомнева во мојата љубов кон Барселона. Тука сум роден и секогаш зборував за својата љубов кон клубот“, изјави тој.
Каталонскиот „Спорт“ дури и наведува дека поради вакви работи Пике никогаш нема да биде лидер на тимот, а слична ситуација се случи и пред една година кога го објави своето мислење за Нејмар и на крајот се покажа дека тоа е погрешно.