Дома Топ вести Каталонците го открија проблемот на Кутињо – проколнатата куќа!

Каталонците го открија проблемот на Кутињо – проколнатата куќа!

Каталонски „Спорт“ денес излезе со насловна страна – „Додворувачите за Фелипе Кутињо“.

Во текстот се споменуваат имињата на Челзи (ако успее привремено да ја стопира суспензијата за трансфери) и Пари Сен Жермен. Барселона сака да не изгуби премногу пари и бара најмалку 130 милиони евра иако Бразлиецот на „Камп Ноу“ не личи на оној фудбалер кој „растураше“ во дресот на Ливерпул во Премиер лигата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


И баш затоа локалните медиуми се занимаваат со причините за лошите настапи на Кутињо во Барселона. Толку пари Барселона е тешко да извлече ако тој не проработи, а за да проработи ќе мора Ернесто Валверде да утврди во што е проблемот. Бидејќи изгледаше дека Кутињо е идеален играч за системот на Барселона.

Денес се појавија чудни приказни за наводно проколнатата куќа на Кутињо во Кастелделфелс, градче смесетено помеѓу морето и планините во Барселона.

Таа иста куќа ја купи Фабрегас и после само неколку месеци Барселона го продаде. Долго во неа престојуваше и Томас Вермален, баш во периодот кога поради повреди не играше премногу во Барселона за потоа во 2016 година да се пресели Андре Гомеш кој пристигна како големо засилување од Валенсија за 40 милиони евра. Иако се најавуваше како големо засилување не се избори со притисокот и стана едно од најголемите промашувања за Барселона. Денес таму живее Кутињо…

Во оваа куќа Кутињо се пресели на совет на Луис Суарез, поранешниот соиграч од Ливерпул. Идејата била да биде поблиску до него и до Меси за напаѓачкото трие на Барселона подобро да се поврзе. Некои 15 месеци подоцна покрај левата аут линија во главно игра Осман Дембеле. Кутињо има дозвола да замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …