Дома Топ вести Каталонските медиуми тврдат: Вака ќе изгледаше табелата без судиски грешки!

Каталонските медиуми тврдат: Вака ќе изгледаше табелата без судиски грешки!

Каталонски „Спорт“ денес објави анализа за тоа како би изгледала табелата во Примера да не биле големите судиски грешки и дојде до заклучок дека Барса би имала дури 12 бода повеќе од Реал Мадрид.\

Лошите судиски одлуки се одразија на резултатите од пет натпревари за Барселона. Во четири натпревари Каталонците незаслужено останале без седум бода (против Селта, Малага, Виљареал и Бетис), додека на еден натпревар им бил „поклонет“ бод ( против Сосиедад). Кога се ќе се собере и одземе тимот на Енрике без тие грепки би имал 60 бода, а не 54 колку што има во моментов.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од друга страна на Реал му се „поклонети“ вкупно седум бода на натпреварите со Селта, Виљареал, Депортиво и Малага, што значи дека „кралевите“ би имале 48, а не 55 колку што имаат во моментов.

Најмногу бура оваа сезона во Примера предизвика грешката на натпреварот Бетис- Барселона, кога на Каталонците не им беше признаен регуларен бод иако топката ја помина гол линијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…