Севиља и Барселона вчера одиграа 0:0 во дербито на 30. коло во Ла Лига.
Втор голем проблем за Барселона е лошата игра. Да не беше Тер Штеген кој со одлични одбрани го зачува својот гол Каталонците и ќе беа поразени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лидерот во Ла Лига кај Севиља не покажа ништо. Ракитиќ и Видал не беа на нивото, Меси беше нервозен тоа можеше да се забележи кога влезе во физички контакт со играчот на Севиља (тука), Суарез невидлив…
Ваква Барселона тешко дека може да биде шампион, посебно затоа што Реал кој пред корона паузата не играше добро очигледно добил психолошка предност. Ако Реал победи кај Сосиедад до крајот ќе зависи само од себе.
Оваа Барселона ги загрижува каталонските медиуми. Двата спортски весници од Барселона, Мундо Депортиво и каталонски „Спорт“ на насловните страни со слика од Меси испишаа наслов: Замрзнати!