Дома Топ вести Касиљас за Мурињо: Не сакав да бидам дел од неговиот циркус!

Касиљас за Мурињо: Не сакав да бидам дел од неговиот циркус!

Икер Касиљас повторно ја врати препознатливата форма во дресот на Порто, а во интерву за „Марка“ проговори за своето време поминато на „Сантиаго Бернабеу“.

Касиљас изјави дека не сакал да коментира за ситуацијата во клубот за време на Жозе Мурињо, бидејќи „не сакал да биде дел од циркузот поради доброто на клубот“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Тоа е клуб на кого ќе му бидам вечно благодарен. Имав можност да го остварам својот сон, да играм во клубот на мојот живот и имам само убави зборови за Реал. Таму секогаш ќе биде мојот дом“, изјави Касиљас.

Како се чувствува кога навивачите на Реал го исвиркуваат Кејлор Навас?

„Ухх, што да кажам? Не ми се допаѓа тоа. Живеев тука и мора да имате многу храброст да го забиравите тоа. Многу тешка работа е да се биде голман на Реал, а ме чуди како Навас не е меѓу Топ 3 голмани во светот“.

Дали сака Реал да организира прослава кога ќе се пензионира?

„Кога ќе биде вистинско време за тоа, зошто не? Денес најдобро е да оставиме да помине времето. Тоа не значи дека јас не сакам да ми се организира почесен меч бидејќи секогаш ќе и бидам благодарен на публиката на Бернабеу, која ми аплаудираше додека бев таму“, изјави Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …