Aнтонио Касано ги следи случувањата во Серија А и често ги коментира, а според него иако јавноста има големи очекувања Рома и Жозе Мурињо ќе се мачат за место во топ 4.
Рома за разлика од минатата сезона во новата има посилен и поискусен тим со играчи како Дибала, Вајналдум, Матиќ…Поради тоа италијанската јавноста ја смести помеѓу фаворитите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Касано не се сложува со тие мислења и смета дека Рома ќе се мачи да стигне до место кое води во ЛШ.
„Слушам се зборува дека Рома може да го освои Скудетото, но јас не мислам така. Сакам да зборувам за работи кога веќе ќе се направат. Според мене, Рома сезонава ќе се мачи да дојде до топ 4 во Серија“.
„Доведоа некои добри фудбалери, но не направија ништо посебно. Запаметете што ви кажувам, ќе се мачат да дојдат до топ 4“, изјави Касано.
Рома е клубот каде што Касано има најмногу настапи во кариерата, дресот на „волчицата“ го носеше од 2001 до 2006 година.