Дома Трансфер зона Касано: За Влаховиќ подобро ќе беше да оди во Арсенал или Тотенхем

Касано: За Влаховиќ подобро ќе беше да оди во Арсенал или Тотенхем

Легендарниот италијански фудбалер Антонио Касано смета дека Душан Влаховиќ и Јувентус не се добар спој во овој момент.

Влаховиќ од вчера и официјално е нов играч на Јувентус, а Касано смета дека овој трансфер не е добар за никого.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


 „Ањели одработи голема работа кога никој не очекуваше, но јас зборував и сигурен сум дека Алегри и понатаму ќе игра на свој начин. Јувентус ќе биде ист како и до сега кого и да купи. По мене ова е погрешен момент. За Влаховиќ подобро ќе беше да направи трансфер во Арсенал, Тотенхем или Севиља. Ова што го направи е ризичен потег. Не верувам дека може да ги промени работите во Јувентус“, изјави Касано.

Јувентус за Влаховиќ на Фиорентина и плати сума од 70 милиони евра која ќе биде исплатена во три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…