Поранешниот фудбалер Антонио Касано го критикуваше потегот на Атлетико минатото лето да плати 126 милиони евра за Жоао Феликс.
За Касано лудост е тоа што Атлетико плати 126 милиони евра за некој кој имал само една добра сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Како може да платите 126 милиони за дете кое имало една добра сезона и тоа во Бенфика? Но, ако видите дека негов менаџер е Жорге Мендеш, тогаш работите стануваат појасни“, изјави Касано.
Потоа Касано беше за младите фудбалери кои ги цени.
„Од помладите играчи денес најмногу ги ценам Гнабри, Пулиши, Џејдон Санчо и Лерој Сане кој играше неверојатен фудбал пред да се повреди. Тука е и Мејсон Маунт од Челзи кој два месеци игра одлично, него го пофали и Меси. Ако Меси ве пофали тогаш тоа нешто мора да значи“, смета поранешниот италијански репрезентативец.