Aнтонио Касано е познат по тоа што нема влакна на јазикот и секогаш искрено го кажува тоа што го мисли.
Поранешниот италијански напаѓач после завршувањето на кариерата често гостува во емисии каде што зборува за актуелните случувања во фудбалот, неговите изјави знаат да привлекуваат внимание.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така беше и овој пат во емисијата во која Касано зборуваше за Барселона. Откако прво истакна дека му се допаѓаат промените кои ги направил Чави, прокоментира одредени играчи еден од нив беше Мемфис Депај. Според Касано Холанѓанецот не е играч за Барселона.
„Според моето скромно мислење Депај не е играч за Барселон. Тој мисли дека е на нивото на Меси или Роналдо, а всушност е многу пониско“, изјави Касано.
Касано го пофали потегот на Барселона да го врати Алвес.
„Дани Алвес е најдобриот на неговата позиција заедно со Маикон и Кафу во последните 30 години. Роналд Араухо се уште не ме убедил, мора да напредува. Педри е одличен, не се плаши знае да игра сигурно и очекува да пишува историја во овој спорт“, прокоментира Италијанецот.