Дома Останати Кошарка „Карпош Соколи“ исклучени од БИБЛ лигата

„Карпош Соколи“ исклучени од БИБЛ лигата

Екипата на Карпош Соколи е исклучена од БИБЛ лигата откако не ја плати казната изречена по напуштањето на теренот на натпреварот со Теодо игран во Скопје.

Куп освојувач на Македонија Карпош Соколи незадоволен од судиските одлуки во средата го напушти теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Македонскиот претставник во регионалната лига доби казна во висина од 12.000 евра, а 6.000 евра беа поради надминување на претходниот депозит од 12.000 евра и требаа да бидат уплатени на сметката на БИБЛ најдоцна до петок.

Од раководството на лигата истакнуваат дека чекале до понеделник, но од клубот немало никаква реакција.

Со исклучувањето на Карпош Соколи натпреварот со Куманово што требаше да се игра на 1 март е регистриран со резултат 20:0 за кумановчани. По овој исход Куманово ја освои првата позиција во групата Б.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Визионерски потег на Леброн: Неговата инвестиција во Ливерпул денес вреди 1.500 проценти повеќе!

Уште во 2011 година, Леброн Џејмс направи потег кој денес се покажа како еден од најпаметн…