Дома Останати Кошарка Кари најавува уште една одлична сезона: Поентираше свртен со грб од половина терен (ВИДЕО)

Кари најавува уште една одлична сезона: Поентираше свртен со грб од половина терен (ВИДЕО)

НБА сезоната ќе започне за само осум дена.

Најдобрите кошаркари полека ги завршуваат жестоките припреми низ предзезонските борби и се подготвуваат за сезоната од 82 натпревари, тука не се пресметани и натпреварите во плеј-офот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Изгледа дека една од најголемите ѕвезди Стеф Кари уште сега е во фантастична форма. Еден од најдобрите кошаркари на денешницата ќе се обиде со Голден Стејт да стигне до шампионскиот прстен, што за него би бил трет во низа и четврти во последните пет години.

Шутерската способност е она што го краси кошаркарот на Вориорси од моментот кога стигна во лигата, а на тренингот отворен за јавноста изведе потег со кој предизвика воодушевување. Кари успеа да постигне кош без гледање и свртен со грб од половина терен!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА-лигата воодушевена од потегот на Никола Јокиќ (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одигра одлични три четвртини против Сакраменто, при што пре…