Мајкл Карик денес за прв пат се појави пред медиумите откако беше поставен за привремен менаџер после отказот на Оле Гунер Солскјер.
Поранешниот играч на клубот ќе треба да го води Манчестер Јунајтед на дуелите со Виљареал и Челзи и ќе седи на клупата додека не биде назначен привремен тренер до крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карик изјави дека воопшто не размислува до кога ќе биде на клупата и дека ќе даде се од себе си.
„Моментот е многу емотивен за сите во клубот. Работев со Оле во последните три години, а го познавам многу подобро. Сакам да му се заблагодарам, јас научив многу нешта од него“.
„Го подготвувам тимот за утре и ќе го дадам најдоброто од себе си. Го познавам клубот многу добро, бидејќу сум долго време тука. Овој клуб е мој живот, не знам колку долго ќе останам на клупата, но на тоа воопшто не размислувам во моментов“, изјави Карик.