Eкипата на Кардиф ги проценува своите загуби на повеќе од 120 милиони евра во спорот со Нант поради смртта на Емилијано Сала во авионска несреќа во 2019 година, потврди денеска адвокатот на велшкиот клуб.
„По анализата направена од правен експерт, штетата на Кардиф беше проценета на 120,2 милиони евра“, изјави адвокатката Селин Џонс за „Франс прес“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Таа анализа денеска и официјално ќе биде доставена до судот во Нант, кој треба да го одреди рокот за продолжување на постапката за овој случај.
Аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала, на 28-годишна возраст, загина во јануари 2019 година во авионска несреќа над Ла Манш кога кога комплетираше трансферот од Нант во Кардиф.
Кардиф смета дека Нант е одговорен за несигурниот лет со кој патувал Сала и затоа поднел тужба до судот на Нант барајќи компензација за загубата на приходите и други штети што клубот ги претрпел поради смртта на аргентинскиот фудбалер.
Во друга постапка поврзана со спортот меѓу двата клуба, Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) минатата година му наложи на Кардиф да му го плати на Нант остатокот од трансферот на аргентинскиот играч. Трансферот вкупно изнесуваше 17 милиони евра.