Дома Останати Ракомет Карачиќ: Столе е фраер од скопскиот асфалт, еден ден се гледам себе пак во Вардар!

Карачиќ: Столе е фраер од скопскиот асфалт, еден ден се гледам себе пак во Вардар!

Ракометниот реномиран сајт „Балкан Хендбол“ во овој период прави интервјуа со ракометарите од нивните домови, а на ред дојде миленикот на вардаровата публика, Игор Карачиќ.

Карачиќ во интервјуто зборуваше за сличноста на карактерот со Талант Душебаев, својот поранешен идол, карактерот на Чупиќ, Џамбо Милиќ, играњето без пари, иднината на Вардар и можноста да се врати, репрезнетацијата на Хрватска, финалето на ЕП2020, Стојанче Стоилов…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не треба приказната да биде заокружена со освојувањето на втората Лига на шампионите. Можам себе си повторно да се видам во Вардар и пред оваа публика. Сигурно не во блиска иднина. Имам некои свои планови, но еден ден се гледам себе во Вардар. Би сакал Вардар да се врати каде што му е местото. Можеби не во овие висини до сега, можеби не е реално, но Сергеј беше таков човек, сакаше тоа да изгледа така. Сакам се да се поправи и тој дрес со бројот 18 пак да го видам на себе“.

Стоилов го опиша како вистинско мажиште.

„Ќе се обидам тоа да го кажам на македонски јазик, веројатно ќе ме разбереше. Столе е мажиште! Фраер од скопскиот асфалт. Вистински пријател кој може да те научи на многу животни лекции“.

За големиот број неисплатени плати…

„Навистина не знам. Еве најди некој психолог тоа да го објасни Едноставно може ние бевме некои фанатици, лудаци“…зборуваше Карачиќ помеѓу останатото

Во видеото погледнете што се кажа Карачиќ во интервјуто од скоро еден час.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…