Дома Фудбал Лига на шампиони Карагер за епското финале: Милан беше подобар, го имаа и најдобриот напаѓач, таа вечер се опишува само со еден збор

Карагер за епското финале: Милан беше подобар, го имаа и најдобриот напаѓач, таа вечер се опишува само со еден збор

Пред точно 15 години беше одиграно најлудото финале во историјата на Лигата на шампионите.

Во Инстанбул се сретнаа Ливерпул и Милан. Милан после првото полувреме во тој натпревар водеше со 3:0, а Ливерпул во вторите 45 минути успеа да изедначи и на крајот да слави во пенал рулетот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан имаше шанса да го реши натпреварот и во продолженијата кога Шевченко пропушти неверојатна прилика, односно Јержи Дудек кој таа вечер го играше натпреварот на кариерата изведе чудесна одбрана (за ова повеќе тука).

На тоа финале се потсети поранешниот стопер на Ливерпул, Џејми Карагер.

„Пред натпреварот ние знаевме дека Милан е многу подобар од нас, но секако верувавме дека можеме да победиме. Но, кога на полувреме ќе губите 3:0 од тим за кој знаете дека е подобар тешко е да мислите дека ќе се вратите во натпреварот“.

„Милан таа вечер играше одлично. 114 минути беа подобри од нас, тоа беше еден од најдобрите нстапи во финалињата, половина од тој тим идната година го освои СП. Шевченко беше најдобриот напаѓач во тоа време, Кака стана најдобар играч заедно со Роналдињо“.

„Играа неверојатно со исклучок на тие шест минути, меѓутоа во фудбалот баш секогаш не победува подобриот и затоа е толку убав спорт. Нема друг збор да се опише таа вечер освен – чудо!“, изјави Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…