Пред денешното финале на фајнал форот во Келн екипата на ПСЖ добива мала предност пред почетокот на средбата, но секако дека после декласирањето на Фелнзбург и вчерашната победа против Барселона никој не смее да се сомнева квалитетот на Вардар.
За тоа е свесен и еден од најдобрите ракометари на францускиот клуб Лука Карабатиќ.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Сите од нас очекуваа европска титула уште пред да стигнеме во Келн, но никогаш не е лесно кога играте против два силна противници во два дена. Сите четири екипи кои се тука имаа еднакви шанси за титула, па така и Вардар. Најголем проблем е одморот, физички воопшто не е лесно. ПСЖ не е тим кој ги потценува своите противници и во финалето мораме да влеземе максимално претпазлици и сконцентрирани“, изјави Карабатиќ.