Капитен на сегашноста, капитен и во иднина. Откако се повлече Франческо Тоти, лентата на Рома е на мускулот на Даниел Де Роси, а судејќи по се, тука и ќе остане, бидејќи најискусниот фудбалер на „Волчицата“ прифати да го продолжи договорот со римскиот клуб.
Според информациите на „Медијасет“, управата на клубот од „Олимпико“ му понудила на Де Роси продолжување на соработката иако има 35 години, факт веројатно кој носи со себе голема финансиска жртва. Наместо рамно 3 милиони евра ќе му биде преполовена на милион и 500 илјади евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сегашниот договор му истекува во јуни 2019. година, а со оглед на тоа дека устмен договор е постигнат, се очекува во следните денови Рома официјално да го потврди останувањето на капитенот, кој летото 2020. година веројатно ќе ја заврши кариерата во дресот на „Римската Волчица“.
Рома нему му е единствениот клуб во кариерата, досега одигра 594 натпревари и постигна 61 погодок.