Дома Македонски спорт Капитенот Ѓоргиев по победата над Данска: Горд сум на овие момци!

Капитенот Ѓоргиев по победата над Данска: Горд сум на овие момци!

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација порача дека е горд на соиграчите по победата против Данска на стартот на Европското првенство во Скопје.

Македонија вчера со 3:1 ја совлада Данска и така на најдобар начин го започна одбојкарското првенство. Вистински предводник на нашиот тим беше капитенот, Никола Ѓоргиев.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Честитки за моите соиграчи и за оваа неверојатна публика. Беше многу тешко, бевме под голем притисок. Но мило ми е што овие момци уште еднаш покажаа од што се направени, горд сум на нив. Ти благодарам Македонијо.

Сега треба прво да се одмориме. Во сабота ќе биде исто, бидејќи треба да победиме. Се разбира дека ќе се обидеме да го направиме тоа“, изјави Ѓоргиев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…