Дома Фудбал Останато Капитенот Тиаго Силва сепак останува во ПСЖ

Капитенот Тиаго Силва сепак останува во ПСЖ

Долго време се шпекулираше дека бразилскиот дефанзивец Тиаго Силва ова лето ќе го напушти ПСЖ како слободен агент.

Договорот на Тиаго Силва со ПСЖ истекува ова лето, а „светците“ воопшто не започнаа преговори за продолжување на соработката и веќе бараа негова замена.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Меѓутоа, францускиот клуб се премисли, па последните информации се дека сепак му понудиле нов договор на својот капитен.

Клубот очекува да се договори со Силва за намалување на платата од 14 милиони евра годишно и двете страни се блиску до договор.

Се очекува Бразилецот да потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уште во март го имаме добитникот на „Златната топка“ – и тоа фудбалер кој никој не го очекуваше!?

Највозбудливиот дел од календарската година во светот на фудбалот е секако борбата за најд…