По подолго време, капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, не ја предводи листата на стрелеци. Разновидната игра на Европското првенство што ја внесе Раул Гонзалез, но и повредата на нашиот најдобар ракометар имаат свое влијание.
Македонската репрезентација ја красеше разновидна игра, опасноста по голот на противникот не доаѓаше само од Кирил Лазаров, селекторот Раул Гонзалез внесе поинаков стил на игра, па листата на стрелци изгледа поинаку.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прв стрелец на ова Европско првенство е Дејан Манасков. Ракометарот на Веспрем ги одигра сите шест меча и има 28 погодоци од 44 обиди или 64% реализација. Манасков заедно со Лазаров ги изведуваат ударите од седум метри, тука е доста ефикасен, има 13 од 15.
Втор стрелец во нашите редови е младиот Филип Талески, кој има 21 погодоци од 41 обиди.
Третото место му припадна на капитенот Лазаров, кој ова ЕП го завршува со 19 гола од 42 обиди. Што се однесува до седмерците, тој реализираше седум од 11.
Еден гол помалку има Стојанче Стоилов. Големиот борец кој изгина на теренот, има висока реализација од 78 отсто.